понеделник, 25 декември, 2025 година

За помалку средби со полиција следете ги овие совети за возење безбедно во лето

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На патишата постојано има возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и условите на патот. Затоа често има апел до нив да се придржуваат до пропишаното. Сообраќајната полиција секогаш предупредува и се обидува да ги едуцира возачите пред истите да бидат санкционирани. Но, полицијата секогаш ќе ве советува за возење безбедно во текот на летото:

– Да се пријават несреќи, хаварии и други критични ситуации на бројот 192 и да се побара компетентна стручна помош (полиција, брза помош, противпожарна бригада и друго).

- Advertisement -

– Однапред бидете информирани за трасата по која ќе се движите за да знаете околу направените поправки на патот или привремено организирање на сообраќајот по него.

– Движете се со брзина во согласност со: патните знаци, знаците за обележување на патот, условите на патот, релјефот на областа, временските услови, бидете одморени пред патувањето, однесувајте се одговорно кон возењето особено кога се превезуваат и патници во автомобилот, и секако треба да се запомн дека не сте сами на патот и дека од однесуваето зависи не само вашиот туку и животот на другите учесници во сообраќајот.

Важно е:
– Да се користат безбедносните ремени и системи за деца (седишта, столчиња).
– Да не се одвлекува вниманието на возачот.
– Да се одмора при секое чувствување на замор.

Ако трасата по која треба да се вози е тешка тогаш на возачот му се препорачува:
– Да биде концентриран на возењето.
– Да биде трпелив, толерантен и да не презема ризични претекнувања.
– Да се земат предвид другите учесници во сообраќајот.
– Да се користи алтернативна траса по можност.

Има и некои работи што се вистини:
– Ако го запазиш ограничувањето, времето за пристигнување до крајната цел се продолжува, но… за малку.
– Ако се движиш со помала брзина, си гарантираш намален ризик за несреќа.
– За некои учесници на твојата траса максималната дозволена брзина може да се покаже како несоодветна во моментот. Често времето е променливо, патот влажен, а на места и со многу вода. Постои опасност од аквапланинг.
– Ако мислиш позитивно, донесуваш и вистински решенија.

ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ И ОПАСНОСТИТЕ
– Неправилно избрана брзина (во населени места и надвор од нив).
– Несоодветна намалување на брзината на патот поради губење на означување на патот или лоши метеоролошки услови.
– Неадекватно однесување во и надвор од населено место поради застој.
– Непочитување на растојание.
– Неправилно префрлање на светлата (долги – средни) во темница.
– Возење со состојба на замор.
– Возење без концентрација (расејаност со патниците, разговор по телефон, пишување пораки по телефон, лични или службени проблеми и друго).
– Возење без дозвола.
– Возење во пијана состојба.
– Возење после употреба на наркотици.

Возењето секогаш треба да биде одговорно.
Среќен пат!

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја