За полесно возење: Освежениот Citroen C4 Cactus доби хидраулична суспензија

ОБЈАВЕНО НА:

Citroen го тргна превезот од освежениот и редизјаниран модел C4 Cactus кој станува прв Европски модел на компанијата што нуди новата прогресивна хидраулична перница (Progressive Hydraulic Cushion – PHC). Системот дебитираше во моделот C5 Aircross и има за цел да му даде на C4 Cactus попристапно „мазно“ и удобно возење со сет на секундарни хидраулични амортизери во секој агол, што ги заменуваат конвенционалните на двата краја.

Citroen се одлучи за поудобен сет на редовни федери и амортизери со цел да го овозможи подобрување на квалитетот на возењето. Француската компанија, исто така, ги редизајнира седиштата кои сега се полни со пена со висока густина за уште поголема удобност на подолгите релации.

Дел од подобрувањата секако, е и новиот надворешен изглед на C4 Cactus, кој продолжува да го прикажува потписот Airbumps, само сега тие се монтираат веднаш над праговите и се помали по големина.

Другите промени вклучуваат нови браници напред и назад заедно со физички поголеми светла насекаде, правејќи го C4 Cactus од моделската 2018 година да изгледа многу почист. Citroen ќе понуди 31 различни комбинации на надворешни бои и избор на пет дизајни од легура.

Автономното сопирање во случај на опасност, препознавањето на сообраќајните знаци и системот за предупредување за вниманието на возачот сега се дел од опремата на новиот модел, заедно со следењето на слепите точки, помошта за паркирање и камерата за назад.. Инфозабавниот систем има седум-инчен екран на допир.

Citroen исто така, додаде нова опција на моторот во C4 Cactus со сила од 130 КС од 1.2-литарски PureTech мотор. Истиот мотор е исто така понуден е во верзии од 82 и 110 КС, додека има и дизелски мотор со 100 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK