Ако погледнеме во смартфонот за време на возењето ‘прелетуваме’ десетици метри од патот во режим на слепо летање. При 50 км/ч тоа се 28 метри за две секунди, а при 80 км/ч се 44 метри
Оние што зборуваат додека се наоѓаат зад воланот ја местат навигацијата или едноставно нешто чепкаат по телефонот се изложуваат себе си и другите патници на најголем ризик. Вршењето на вакви „занимации“ ја намалува концентрацијата кон патот на возачот и е многу опасно, тврди германската организација Dekra.
Најголемиот ризик од одвлекување на вниманието и со најфатални последици доаѓа и од „играње“ со вашиот смартфон. Според американските анализи за возачи, кои користат мобилни телефони за време на возењето, има околу четирипати поголема веројатност да направаат сообраќајна несреќа.
Центарот за технологии на oсигурителниот центар Allianz исто така има утврдено дека одвлекувањето на вниманието е причина за минимум една од десет сообраќајни несреќи со смртни случаи. Ова значи дека „игрите“ со телефон зад воланот земаат повеќе фатални жртви дури и од алкохолот.
„Ниту еден возач не би ги затворил доброволно очите дури и за секунда, додека вози. Сепак, ако погледнеме во смартфонот за време на возењето тоа го има апсолутно истиот ефект. Така ‘прелетуваме’ десетици метри од патот во режим на слепо летање. При 50 км/ч тоа се 28 метри за две секунди, а при 80 км/ч се 44 метри“, вели истражителот на несреќите на Dekra, Луиџи Анкона.
Сепак, не само телефонските јавувања и читањето или испраќањето на пораки зад воланот го зголемуваат ризикот од несреќи зад воланот. Други слични опасни „активности“ како програмирање на навигацискиот систем, барањето на напиток или пуштање на вистинска музика исто така се исклучително ризични. Дури и разговорите без користење на рацете можат да го одвлечат премногу вниманието за време на тешки разговори и премногу долго од возењето според експертите на Dekra.
Во продолжение можете да видите неколку совети за безбедно патување околу овој проблем:
-Направете Bluetooth врска со системите на автомобилот уште пред тргнување.
-Поставете ја трасата, музиката или радио програмата, која ви се дооаѓа уште пред да тргнете.
-Дозволени се разговори со слободни раце (hands free), но и покрај тоа запрете со долги разговори.
-Не јадете и пијте зад воланот туку направете паузи за тоа.