За поголема безбедност – Во Австралија ќе има флуоресцентни патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Австралиската влада воведува програма за безбедност на патиштата вредна 245 милиони долари, која вклучува некои иновативни нови техники за да ги заштити не само возачите, туку и велосипедистите и пешаците.

Најинтересниот аспект на програмата е имплементацијата на фото-луминисцентни ознаки на патиштата кои светат во темнина. Исто како и пластичните ѕвезди што сте ги ставале на таванот од вашата спална соба како дете, линиите на патот ќе изгледаат сосема нормални во текот на денот, но штом ќе падне ноќта тие ќе бидат светли како ѕвездите.

Според државата Викторија, иновацијата ќе им помогне на возачите да добијат „посилна дефиниција до раскрсниците и кривините“ и во голема мера ќе го подобри времето на реакција на условите на патот.

Компанијата Tarmac Linemarking сподели слики од пробното возење според ознаките на патиштата кои светат во темнина на својата Фејсбук страница, кои во најмала рака се импресивни. Дури и во целосна темнина, линиите на патот се јасно видливи благодарение на примената на специјалната завршница.

Tarmac Linemarking вели дека новата технологија ќе биде „извонреден производ за пешаци и велосипедски патеки, патишта, рампи за бродови и многу други апликации“.

Покрај фото-луминисцентните коловозни линии, владата ќе спроведе и тротоар со LED осветлување во близина на раскрсниците и други порефлектирачки ознаки на патиштата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK