За поголема безбедност: Како да возите ноќе во предели со диви животни

ОБЈАВЕНО НА:

Иако нема многу патишта каде може да се видат диви животни, сепак понекогаш возачите се соочуваат со животни кои залутале или случајно се нашле на патот. При побрзо возење некогаш е тешко навреме да се исконтролира возилото, а тоа би значело и голема веројатност за можен инцидент и „блиска средба“. Од таа средба можно е автомобилот да биде оштетен.

Дивите животни се најактивни наутро и во самрак, кога се во потрага по храна. Тогаш знаат да се појават одненадеж, и затоа треба да се реагира на време. Во спротивно може да завршат под тркалата.

И доколку при возење се спуштат фаровите на автомобилот односно бидат доволно насочени кон тлото се зголемува можноста полесно да се го забележи отсјајот на светлото во очите на дивите животни, што секако ќе овозможи подобра реакција за возачот.

Друг совет вреден злато е да се следи движењето и да се биде подготвен за нагло менување на правецот. Се разбира ноќно време треба да се прилагоди и брзината на движење

Дивите животни секогаш се непредвидливи. Дури и ако на пример изгледа дека еленот или можеби срната која би го пресекла патот „бега“ од автомобилот, ненадејно може да го сменат правецот на движењето и да тргне директно во линијата на движење на возилото. Затоа е најдобро да се намали брзината кога ќе биде забележано животно близу патеката и да не се двоуми околу користењето на звучни сигнали.

Отпадоците од храна и останатото ѓубре не треба да се фрла на патот или покрај него. Освен што се загадува околината, отпадоците ги привлекуваат дивите животни, а тоа секако ја зголемува и безбеднота на возачите.

Апсолутно сите кои се во сообраќајот ги зголемува и пребрзо и неконтролирано возење, па наједноставниот совет кој секој возач би требало да го послуша е да успори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK