За пет години со Hyundai Elantrа минала 1,6 милиони километри!

ОБЈАВЕНО НА:

Електронскиот бројач на километри на Hyundai Elantrа има шест бројки. Сепак, во случајот со Фара Хајнс се појави потреба од седма бројка, а најдобро од сè е тоа што моторот не е заменет.

Фара Хајнс секојдневно работи како доставувач на автомобилски делови и со година за извршување на оваа работи користи возило Hyndai Elantrа.

Во оваа информација веројатно не би било ништо необично доколку не се погледне во бројачот на километри. Хајнс има поминато милион милји или 1.609.344 kилометри.

Оригиналниот мотор и понатаму се наоѓа под хаубата и работи одлично. Hyundai внимателно ја провери оваа информација и се покажа дека отчитувањата на мерилото се вистинити или подобро кажано би било подобро Корејците да имаат предвидено простор за уште еден број на мерачот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK