понеделник, 25 декември, 2025 година

За патување од Скопје со авион брз Антиген тест се прави и на аеродром

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Со цел да одговорат на најновите рестрикции за патување воведени од страна на земјите од ЕУ и Шенген зоната поради опасноста од ковид-19, ТАВ Македонија најде начин за брз антигентест направен непосредно пред заминувањето на патникот.

Почнувајќи од денес, лабораторијата „Жан Митрев” ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците ќе можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок.

- Advertisement -

Од ТАВ Македонија апелираат патниците кои ќе се одлучат да направат брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, со цел да не се создава метеж пред аеродромската зграда, да пристигнат на аеродром навреме, најмалку 3 часа пред времето на полетување.

„Целта е да им се обезбеди опција на нашите патници кои заминуваат кон дестинациите во Германија, со цел тие да имаат доволно време да извршат брз антиген тест, пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, ако тестот веќе не го направиле пред нивното пристигнување на аеродромот“, се вели во соопштението објавено на интернет страницата на скопскиот аеродром.

Од вчера, Холандија бара негативен брз антиген тест не постар од 4 часа пред качување во авион. Ова барање е како дополнување на веќе постојното барање за задолжителен негативен резултат од PCR тест направен не порано од 72 часа пред пристигнувањето во Холандија. Овие се однесуваат и за оние кои патуваат до Карипските делови на Холандија.

Зa патниците од Македонија, Косово и Албанија, Германија бара негативен ковид-19 тест не постар од 48 часа и притоа ги прифаќа следните тестови: PCR, LAMP, TMA и брзи антиген тестови одобрени од СЗО. Германските власти дополнително известуваат дека негативниот резултат од ковид-тестот задолжително треба да биде во хартиена (печатена) или пак дигитална форма, со тоа што производителот на антиген тестот мора да е видлив на документот.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја