За Opel Mokka X веќе има 100.000 нарачки

ОБЈАВЕНО НА:

Само шест месеци откако почнаа нарачките за СУВ моделот Opel Mokka X, веднаш беше оправдана одлуката за негово производство.. Само во Европа има 100.000 купувачи кои веќе го резервирале моделот, што сега претставува трет најважен модел во понудата на Opel.

Уште од мај 2016 можеше да се нарача Mokka X, а во септември беа првите испораки кај европските дилери. Се утврди дека Mokka X е вистински пазарен хит.
Во Германија Mokka X успеа да ја престигне силната конкуренција, и да ја преземе лидерската позиција во сегментот на компактните СУВ модели. Инаку повеќе од половина од нарачаните модели на Mokka X се со највисоко ниво на опременост.

Од почетокот на производството на моделот Mokka досега има 770.000 нарачки, а и новата Mokka X го продолжува тој тренд.

Во текот на 2017 година ќе бидат претставени дури седум нови модели на Opel, што е најголем број премиери во историјата на компанијата кога се работи за временски период од една календарска година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK