Добра вест за фановите на GT-R и љубители на спортските автомобили. Јапонскиот производител Nissan потврди дека за најдоцна пет години односно до 2023 година ќе биде лансирана новата генерација на спортскиот модел GT-R.
Новата генерација која сигурно нема да биде претставена до крајот на следната година, покрај новиот 3.0 V6 twin-turbo мотор ќе има и електрична изведба со електромотор со 600КС. Ова значи дека новата генерација на GT-R ќе биде многу помоќна од претходната која располага со 562КС.
За прв пат овој модел во гамата на Nissan беше воведен во 2007 година. Големата популарност кај љубителите на спортските автомобили, како и бројните награди, беа најзначајниот поттик за јапонскиот производител да ја лансира новата, втора генерација од овој модел.