Познати се бројните фигури од коцки што ги прави Лего, многуте супер јунаци што најмногу ги сакаат децата. Но, компанијата сака да понуди и нешто за „поголемите деца“, па веќе е подготвена новата Лего Спид шампион колекција.
Меѓу новите делови за склопување во семејството на Лего ќе го има и новиот GТ и GT40 модел што претходно беа претставени, заедно со Bugatti Veyron, Mercedes AMG Gt3, Ferrari FXX K и Ф1 болиди на Mercedes и Ferrari.
Најимпресивна еколекцијата од Mercedes F1, која содржи два болида, лего моделите на Луис Хамилтон и Нико Розберг, гаража, хоспиталити комплекс, стартни светла и мала екипа на механичари.