Затемнување на стаклата, особено страничните кај автомобилите е популарно. Но, понекогаш се претерува со процентот на затемнување, па затоа и собраќајната полиција може да го казни сопственикот, или на технички преглед да ви биде укажано за ваквата неправилност.
Ако не се придржувате на законот во Македонија може да ве казнат со 300 евра глоба, а правното лице со глоба од 2.000 евра, плус глоба за одговорното лице во компанијата во износ од 30 отсто од казната за правното лице.
Но, во Русија двајца возачи „заглавија“ во затвор. Двајцата возачи од рускиот град Саратов останале зад решетките, откако судот ги осуди за непослушност кон полициската наредба. Се работи за 26 и 36-годишни мажи кои управувале со автомобили ВАЗ-21130 и Lada Priora кои биле сопрени поради преголемо затемнување на предните и сранични прозорци на возилата.
Во текот на истрагата, полицијата открила дека двајцата возачи веќе биле санкционирани за истиот прекршок минатата година. Потоа тие минале само со парична казна од 500 рубљи (6,90 €) и ја отстранете фолија од стаклата на самото место.
Повторното прекршување, сепак, довело до изготвување на протоколи според чл. 19.1 од Кодексот на Руската Федерација за административни прекршоци за “непочитување на законска наредба на полициски соработник”. Двајцата анонимни возачи ќе бидат задржани пет дена во затвор.