За Германците возилото не е статусен симбол

ОБЈАВЕНО НА:

Интересот на Германците кон автомобилите се намалува во последниве години, покажуваат резултатите од социолошки истражувања. Ако претходно, личниот автомобил била сон и симбол на успехот за младите Германци, денес тоа се наоѓа на деветтото место меѓу нивните цели во животот по патувањата, електронските уреди, здравјето, убавиот мебел итн

Резултатите од истражувањето на социолози од Институтот во Аленсбах покажуваат дека возилото губи се повеќе значење во системот на вредности на Германецот, и тоа се однесува во најголем степен за младите луѓе. Просечната возраст на купувачите на нови автомобили во Германија постојано се зголемува.

Според специјалисти од Центарот за автомобилски истражувања (CAR) во Дуисбург просечниот купувач на нов автомобил денес е на 53 години, додека во 1995 година бил на 46. Трендот се забележува уште појасно на пазар на половни возила, каде што просечната возраст на купувачите е 45 години наспроти 37,5 во 1995 година.

Процесот е проследен со растечки интерес за заеднички патувања и стареење на возилата. Во 1995 година процентот на автомобилите со старост над 4 години бил 49%, а во 2017 година е 63%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK