Германците важат за патриоти, особено кога се во прашање автомобилите, па особено ги ценат оние домашните, кои како по некое непишано правило секогаш повеќе се ценат во однос на другите. Така беше и во сличајот со изборот на читателите на списанието „Auto Motor und Sport“. Тие ги прогласија Golf, новото Polo и Up! за „Best Cars 2018“ во нивните категории.
Анкетата на списанието „Auto Motor und Sport“, оваа година ја прославува својата 42-ра годишнина. Покрај германското издание, учествуваа 15 други европски и три неевропски списанија од групата „Auto Motor und Sport“. Вкупно 378 модели во единаесет категории беа на листата на кандидати за да бидат изгласани најдобрите автомобили од 2018 година.
Ова претставува рекорден успех за Golf, кој ја освојува наградата „Best Cars” по шестта година по ред во категоријата за компактни возила, како и 32-ра севкупна награда на популарниот модел во својата 42 годишна историја.
Volkswagen Golf и понатаму ја одржува својата лидерска позиција на пазарот за автомобили, со што ја продолжува својата успешна приказна која започна пред 44 години. Со над 34 милиони возила низ 7 генерации, Golf ги поставува стандардите во компактната класа со децении и продолжува до ден-денес да ја презема пионерската улога во воведувањето на водечките технологии во возилата.
Volkswagen Polo беше прогласен за најдобар во категоријата на суб-компактни возила со 33 отсто од гласовите на читателите. Тоа е 43-годишна историја на успех која покажува дека Polo е еден од клучните столбови на брендот Volkswagen. Со околу 17 милиони единици продадени до денес, Polo е еден од најуспешните компактни автомобили во светот.
Во категоријата мини автомобили, читателите го крунисаа Volkswagen Up! за победник. Додека Up! е најмалиот и најновиот Volkswagen на ова трио, со продадени повеќе од 1 милион возила (од 2011 година), тоа исто така може да покаже значителен успех.
Достапен во повеќе варијанти кои го вклучуваат новиот 85 kW/115 КС Up! GTI.
Двете SUV возила на Volkswagen исто така добро се покажаа во своите категории. Во категоријата за компактен SUV, највисокиот SUV на компанијата, Tiguan, го освои второто место, а T-Roc, кој се појави минатата есен, го прослави својот успех освојувајќи го третото место.