За гејмери! 5 игри кои доаѓаат оваа година

ОБЈАВЕНО НА:

За љубителите на автомобилизмот кои воедно се и гејмери, оваа година ќе биде многу возбудлива. Причина за тоа се најавените пет игри кои доаѓаат за PC, PlayStation 5 и Xbox.

Destruction AllStars e првата игра која ќе се појави годинава. Sony Interactive Entertainment ја најави за следниот месец, а засега не се открива содржината.

На 11 јуни годинава закажана е премиерата на седмата серија на Gran Turismo. Новитет е што истата ќе биде компактибилна со 4К резолуција.

Премиерата на Car Mechanic Simulator е исто така закажана за оваа година, а во новата серија доаѓаат неколку модели на RAM, Chrysler, Lotus, Pagani, Ford, Porsche, Maserati, Mercedes-Benz, Plymouth…

Bus Simulator 21 is driving towards a 2021 release – PlayStation.Blog

По три години ќе биде претставена нвоата серија на Bus Simulator која ја носи додавката 21. Потврдено е дека во новата играќ е биде вклучен и новиот град именуван како Angel Shores, инспириран од San Francisko. Доаѓаат и нови модели на автобуси како дабл-декерот Alexander Dennis Enviro500 како и неколку електрични автобуси.

Последна игра која доаѓа е Dangerous Driving 2 чија премиера следи откако за прв пат беше воведена на 9 април 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK