За Франкфурт се подготвува Mercedes EQ хечбек концепт

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes наводно ќе претстави електричен хечбек концепт на саемот во Франфурт во септември, што треба да биде влезен модел во понудата на компанијата во однос на електричните возила.
Според Autocar, тоа треба да биде дел од EQ понудата.

Многу малку се знае за возилото во моментов, но се претпоставува дека би можело да го има името EQ A и наводно е направено да му биде конкуренција на BMW i3 и на продукциската верзија на Volkswagen I.D.concept.

Моделот треба да биде поставен на МЕА платформата и ќе има пет седишта . Се очекува возилото да има конвенционален изглед, но се очекува предниот дел да ја имаcмаската слична на EQ crossover concept.

Моторите засега се непознати, но Autocar шпекулира дека моделот може да има единечен електро мотор што би ја пренесувал силата на предните тркала. Подоцна откако моделот ќе биде промовиран можно е д аима и варијанта која би била со електромотори на задните тркала, па и на сите четири.

Се претпоставува дека Mercedes EQ A во продажба би се нашол во 2020 година и би чинел околу 45.000 долари. Тоа не е евтино, но Mercedes очекува моделот да биде добро продаван.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK