Електричниот Mustang Mach E руши рекорди – за два месеци на адреса на Ford пристигнати се 32 илјади резервации за овој модел.
Најголем дел од резервациите се од потенцијалните купувачи од САД, но има и од Канада и останатите земји. Овој интерес сепак може да направи и слатки проблеми бидејќи претходно американскиот производител најави дека годишното производство би изнесувало околу 50 илјади примероци.
Инаку Ford овој модел по долга најава го претстави во ноември минатата година во Лос Анџелес. Станува збор за купе кросовер изграден на новата C2 платформа. Спортскиот карактер може да се забележи по задните светла кои се слични како и кај моделот Mustang и малку повеќе изменетиот преден дел.
Mach E со најдобри перформанси овозможува и до 483 км автономија со едно полнење на батеријата, а најавено е дека 80% од капацитетот на батеријата се полни за 38 минути.
Во производство и продажба влегува оваа година, а почетата цена во САД ќе изнесува 43.895 американски долари.