Дека Karoq е успешна приказна покажува фактот што за само две години чешкиот производител произведе, а со тоа и продаде 250.000 примероци од овој модел.
Karoq премиерата ја имаше на 18 мај 2017 година во Шведска, а во продажба се појави есента истата година. Точно за две години од фабриката во Квасини (Чешка) излегоа 250.000 примероци.
“Овој јубилеј е доказ за тоа колку популарен е Karoq” изјави Михаел Оелјеклаус, одговорен за производство и логистика во чешкиот производител. Тој додаде дека ова е огромен успех токму поради тоа што производството започнало перд две години и за краток период достигната е оваа бројка.
Јубилејниот примерок е во Black Magic металик боја и располага со 1.0 литарски TSI бензински мотор со 114 КС.