За два дена на аукција заработени 158 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

На крајот од минатата седмица на аукција на RM Sotheby’s Monterey Car Week беше поставен нов рекорд на цена на еден автомобил кој бил купен на аукција. Новиот рекордер е возилото Ferrari 250 GTO од 1962 година, кое било купено за 48.405.000 американски долари.

Од RM SOTHEBY’S откриваат интересни детали околу смената на сопственоста на новото најскапо возило во светот, а велат дека наддавањето почнало со неверојатни 35 милиони долари и тоа по телефон. За автомобилот се бореле тројца потенцијални клиенти, а финалната сума била достигната за десет минути.

Иако платената сума за Ferrari 250 GTO ќе остане во историјата на RM Sotheby’s, за време на аукцијата биле купени и други исклучително интересни возила. Меѓу нив биле и Aston Martin DP215 Grand Touring Competition Prototype од 1963 година (21.455.000 долари), Ford GT40 Mk II од 1966 година (9.795.000 долари), Porsche 550A Spyder од 1957 (4.900.000 долари), Maserati A6G/2000 Zagato од 1956 година (4.515.000 долари), Mercedes-Benz AMG CLK GTR од 1998 година (4.515.000 долари), Ferrari F40 од 1990 година (1.710.000 долари) и други.

При оваа аукција најевтиното возило кое било понудено и купено било Porsche 944 S од 1987 година за сума од 22.400 долари.

За време на аукцијаа на RM SOTHEBY’S били предложени повеќе од 150 автомобили, а дури 83% од нив пронашле свои нови сопственици. Сумаа која била собрана е близу 158 милиони долари (157.931.940 долари), што е еден од највисоките резултати на аукциската куќа во целост и претставува подобрување за 19 проценти во споредба со минатогодишното издание на елитната мегафирма.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK