За два дена МВР казни над 500 возачи и одзема над 30 возачки дозволи

ОБЈАВЕНО НА:

МВР ја продолжува акцијата во лов на оние што возат пребрзо во населено место и возат под дејство на алкохол. Само во две контроли во периодот во текот на 19 и 20 јули биле казнети над 500 возачи на територијата на Скопје. Истовремено биле исклучени над 30 возила и им биле одземени возачките на они ешто возеле под дејство на алкохол.

Во периодот од 23.00 часот на 19.07.2019 до 05.00 часот на 20.07.2019, при контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 17 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 20 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи. Откриени се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози.

Во периодот од 06.00 до 24.00 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 27 мерки против нив, а откриени се и 50 останати прекршоци, за кои се издадени 32 прекршочни платни налози и 18 мандатни платни налози.

На 19.07.2019 откриени се и осум возачи кои вршат престигнување на недозволено место. На сите им се издадени прекршочни платни налози, а откриени се и 32 останати прекршоци за кои се издадени пет прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.

Во периодот од 10.00 до 14.00 часот на 19.07.2019 откриени се 61 прекршоци кои се соодветно санкционирани. Во периодот од 06.00 до 24.00 часот на 20.07.2019, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а откриени се и 108 останати прекршоци.

Во периодот од 20.00 на 20.07.2019 до 01.00 часот на 21.07.2019, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и 55 останати прекршоци.

Во периодот од 00.00 до 05.00 часот на 21.07.2019, при контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 12 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта. Сите 12 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи, а откриени се и 47 останати прекршоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK