До крајот на оваа деценија барем една третина од продадените нови автомобили ќе бидат целосно електрични, покажува проучувањето на компанијата Dеlоittе. Резултатите од истражувањето се објавени од страна на британското списание Аutосаr.
Според прогнозите за 2030 година низ светот ќе бидат купени 31,1 милиони електромобили за 10 милиони повеќе отколку што предвидуваа оценките за јануари 2019 година. Според Dеlоittе врвот во продажбите на бензинци и дизел возила одамна е надминат.
Во истражувањето се одбележува дека се надеваат дека светскиот пазар на автомобили ќе се опорави до предепидемиското ниво до 2024 година. Продажбите на електромобили до крајот на оваа година ќе достигнат 2,5 милиони, а во 2025 година ќе се зголемат до 11,2 милиони.
„Високата цена на електричните автомобили откажува многу купувачи. Таа постојано опаѓа и некои модели на струја веќе чинат колку бензинците и дизелите така што бројот на потенцијални клиенти допрва ќе расте“, вели Џејми Хамилтон од Dеlоittе.