За да се намалат трошоците: Ф1 ќе воведе стандардни делови на болидите

ОБЈАВЕНО НА:

Формула 1 станува сѐ поскап спорт и тимовите годишно трошат и до 400 милиони долари, како Ferrari на пример. За да се намалат трошоците новите сопственици на Формула 1 размислуваат воведување на стандадни делови на болидите што сите би ги користеле.

Во некои други тркачки серии постојат стандардизирани шасии на пример, но тоа не е целта на Ф1.
„Не сакаме да го стандардизираме болидот – сметаме дека е навистина важно да имаме спорт каде ќе се натпреваруваат тимовите користејќи најнова технологија. Размислуваме да стандардизираме некои делови, изјави Чес Кери, извршниот шеф на Ф1.

Според Рос Браун, спортскиот директор на Либерти Медиа, сопственикот на Ф1, стандардизирањето на деловите би било онаму каде фановите нема да може тоа д аго забележат со голо око, на пример кај деловите за суспензија.

На овој начин би се извршило некое приближување на најдобрите тимови со оние што се послаби, а истовремено ќе се намалат и трошоците за изработката на делови, бидејќи сега секој тим работи сам на изработката на делови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK