За да помогне на децата FCA ги продава скиците од автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) и меѓународната организација Save the Children започнаа со хуманитарна продажба на скици од легендарните модели на Fiat, Alfa Romeo, Lancia, Abarth и Jeep.

Парите добиени од оваа хуманитарна продажба ќе бидат наменети за деца со пречки во развојот во Италија, а кои се директно или индиректно погодени од пандемијата од коронавирусот.

Вкупно 136 скици се понудени за продажба. Меѓу нив се наоѓа и скицата за најновата електрична изведба на Fiat 500, а тука се и скиците на Alfa Romeo Giulia GTA, Lancia Delta Integrale, Abarth 595 и Jeep Willys.

Цените на поединечните скици започнуваат од 20 евра, а приходите ќе бидат искористени за купување на залихи и едукативни материјали како и за финансирање на образованието во Италија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK