За да нема „скриени маани“ – 150 вработени ќе го тестираат електричниот ID.3 во реални услови

ОБЈАВЕНО НА:

Електричниот модел на Volkswagen ID.3 влегува во завршна фаза пред официјалната продажба. Оттука германскиот производител веќе одбра 150 вработени кои ќе го тестираат овој модел во реални услови.

Ова е со цел да не се случи она што му се случи на Golf кои иако располага со помал процент на технологија сепак мораше да се повлекува поради софтверска грешка.

Volkswagen наведува дека веќе се избрани 150 вработени од фабриките во Цвикау, Кемниц и Дрезден. Тие на волонтерска основа секојдневно ќе ги возат автмобилите при што треба да ги тестираат сите функционалности.

Во февруари годинава беше отркиено дека специјалисти на прозиводителот секојдневно откриваат по околу 300 грешки во софтверот на возилото. Токму поради ова и доцнеше почетокот на продажбата кој сега е закажан за кон крајот на оваа или почетокот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK