За четири години: Audi ќе го промовира првото целосно автономно возило

ОБЈАВЕНО НА:

На последниот состанок на акционерите минатата недела каде се дискутираше и за идните планови и модели, па и за електрификацијата и до каде е развојот на автономската технологија.

Audi A8 од моделската годиниа 2018 веќе го нуди третото ниво на автономно возење, но компанијата веќе работи на „возила без возач“ што може да се користат во урбаните средини. Audi одби да оди во детали, но велат дека целосно автономната технологија ќе биде подготвена за корисење во „мала серија од возила“ до 2021 година.

Покрај за автономната технологија Audi ги реафирмираше моделите Q4 и Q8 што треба да бидат понудени во 2019 година. Компанијата исто така ги потврди и лансирањето на трите електрични модели на батерии до 2020 година.

На краток рок Audi е фокусиран на редизајнот на моделите А7 и А8.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK