За бизнисмени: Купи си Mondeo со дополнителна опрема а за промотивна цена

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот на годината во Македонија за 2015 година, Ford Mondeo е подготвен да им понуди повеќе опрема на бизнисмените, и тоа за промотивна цена.
Ова, накратко, е суштината на новата кампања на Ми-Да Гранд Моторс под слоганот „Исклучително добар автомобил за исклучителни луѓе“. Во понудата на компанијата Ми-Да Гранд Моторс доаѓа лимузината, која беше наградена за Автомобил на Годината и е симбол на статус со докажана најдобра возна динамика и простор во класата.

Станува збор за Ford Mondeo со Trend ниво на опрема и дополнителен Бизнис Пакет кој вклучува: систем за навигација, R/CD, 8 инчен дисплеј чувствителен на допир, 8 звучници, SYNC III, предни и задни паркинг сензори, 16 инчни алуминиумски фелни со 10 краци и 215/60R16 гуми, електронски загревана шофершајбна, 8 звучници, Bluetooth/Voice контрола, USB, RCA Audio/Video Jacks, SD Card Slot, GPSM и останато.

Промотивната цена за 1.5 дизел мотор со 120 коњски сили изнесува 22.490 евра. Но, возилото е достапно и со 2.0 дизел со 150 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK