За точно 72 часа во Мексико се распродадоа сите достапни примероци од моделот Jimny на Suzuki.
Привлечниот дизајн кој претставува комбинација на G класата на Mercedes и Jeep Wrangler, но и далеку пониската цена придонесе за многу кратко Suzuki да продаде преку 1.000 примероци од овој мал SUV.
Најголем дел од продадените примероци се со основното ниво на опременост. Цената на таа верзија изнесува 409.990 мексикански пезоси што е нешто над 20 илјади американски долари.
Од дилерот на Suzuki во Мексико наведоа дека испораките ќе започнат од 15 јануари следната година.