За 23 секунди украдоа луксузен Mercedes (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од минатото кога автомобил се крадеше со неколку рачни алати денеска благодарение на технологијата кражбата на автомобили е многу поедноставна. Тоа добро може да се воочи од видеото кое се појави на интернет, а на кое се гледа како крадци за само 23 секунди крадат Mercedes C класа.

Она што е загрижувачи е начинот на кој крадците го крадат автомобилот. Тие користат т.н. Relay Attack Unit уред кој им служи да го продолжат сигналот кој се емитува помеѓу возилото и клучот. Со тоа тие успеваат да го насочат сигналот кон автомобилот и да ги отклучат автомобилот, а потоа благодарение на start&stop копчето и да го стартуваат автомобилот.

По ова видео се поставува прашањето колку новите, технолошки напредните автомобили се безбедни одноно отпорни на кражба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK