Практиката да се вршат сериозни контроли во сообраќајот во текот на викендот во Скопје продолжи и сега и според последните информации од МВР на ден 07.09.2019 во времето од 06.00 до 24.00 часот санкционира биле 24 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Откриени се и 77 останати прекршоци за кои се издадени 58 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 07/08.09.2019 во времето од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје.
Притоа, санкционирани се 36 возачи. Покрај тоа, задржани се три мотоцикли и едно патничко моторно возило за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 53 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.
Нема податок колкав бил бројот на проверени возачи во истиот период. Но, на 6 и 7 септември беше спроведена акција за проверка на возачи на мотори и автомобили. На 6 септември биле казнети 40 возачи на мотори, а биле задржани 13 мотори, додека следниот ден бил еказнети над 100 возачи.
При контролата откриени се 40 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци, за што им се издадени исто толку прекршочни платни налози. Покрај тоа, поради основи на сомнение за техничка неисправност (создавање бучава) одземени и задржани се 13 мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.
Исто така, откриени се и 43 останати прекршоци за што се издадени 19 мандатни платни налози и 24 прекшочни платни налози.
Во периодот од 01.01.2019 до 31.08.2019 на територијата на Скопје санкционирани се 1111 мотоциклисти.