Yaris во седанска изведба за САД

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од Европа каде долги години моделот Yaris се продава исклучиво во хечбек изведба, овој модел во Мексико, САД, Јужна Африка и други земји е достапен и во седанска изведба.

Станува всушност збор за автомобил кој во целост се базира на Mazda 2. Оттука и одредени детали на екстериерот се слични со овој модел додека внатрешноста е во целост идентична како и кај Mazda 2.

Во поглед на димензиите, должината изнесува 4,34 метри што е за речиси 40 цм подолг во однос на хечбекот достапен во Европа. И меѓуоскиното растојание е поголемо па така изнесува 2,56 метри.

Во однос на мотористиката, на американскиот пазар овој модел е достапен само со 1,5 литарски бензински мотор кој пак е достапен со шест брзински мануелен и автоматски менувач. Дополнително, овој модел е достапен со три нивоа на опременост L, LE и највисокото XLE.

Во САД почетната цена на овој модел изнесува 15,650 американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK