Формула 1 тимот на Williams Racing објави кратко тизер видео со кое ја најавува премиерата на болидот за новата сезона.
FW43B е називот на новиот болид кој ќе биде придвижуван од моќниот агрегат на Mercedes. Како ќе изгледа ќе дознаеме на 5 март кога е и закажана премиерата.
Од претходно е познато дека во новата сезона за британскиот F1 тим ќе возат Николас Латифи и Џорџ Расел. Првата трка овие двајца возачи ќе ја имаат на 28 март кога ќе започне новата сезона со трката за големата награда на Бахреин.
https://youtu.be/Ern6ZoHs7kg