Wheels – aвангардно возило што ги освојува улиците на Виена

ОБЈАВЕНО НА:

Велосипеди, скутери, електрични скутери и сега и wheels – нови возила во Виена потсетуваат на електрични велосипеди, но немаат педали и за разлика од e-romobil поседуваа софистициран систем за изнајмување.

Со огледна тоа што на пазарот во моментов не постои ништо споредливо, единственото име за новото возило е wheels. Возилата за изнајмување се движат со помош на електричен мотор и достапни се за сите корисници над 18 години. Wheels можат да развијат брзина до 25 км/ч, но по пат на GPS, а автоматски реагираат на ограничување и ја спуштаат брзината во пешачките зони или во зоните за средба.

Како и кај другите системи за изнајмување на електричните romobil или велосипеди, корисникот мора да ја симне апликацијата и да скенира QR код за да го стартуваат возилото што чини едно евро.

Секоја следна минута возење на ова возило во Виена чини 29 центи, а прописно паркирање мора да се фотографира и да се прати во централа. Одредени жители на Виена уште се скептични во врска со овој авангарден производ, што може да биде и последица за обемната понуда на возила за изнајмување во Виена.

Низ улиците на Виена во моментов кружат 4.600 електрични romobil возила за изнајмување, кои се во сопственост на пет различни понудувачи. Wheels располага со 33 возила, но набрзо се планира зголемување на бројката.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK