VW Teramont и за Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen ја збогати својата понуда на рускиот пазар со воведување на SUV моделот Teramont.

Станува збор за голем SUV модел чија должина изнесува 4,970 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2,980 мм. Истиот се темели на MQB платформата развиена од страна на Volkswagen Групацијата.

Дизајнот е идентичен како истоимениот модел кој се нуди на кинескиот пазар, а за потсетување, врз основа на истата архитектура Volkswagen во САД го продава моделот Atlas.

Почетната цена на овој модел ќе биде позната на пролет кога ќе стартува и продажбата. Засега со сигурност е потврдено дека ќе биде достапен со два бензински мотори и тоа: 2,0 литарски TSI со 217 КС и помоќната верзија со 245 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK