вторник, 26 јануари, 2026 година

VW станува сериозен: Ќе претстави и електричен кросовер

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Објавувајќи нова тизер фотографија, Volkswagen Group одново ја покажа сопствената сериозност во однос на електрификацијата на брендот. Овојпат станува збор за целосно електричен концепт што треба да се прикаже на саемот во Шангај неделава, Овој модел треба да биде ривал на Tesla Model X, а VW покажува дека е подготвен за новата линија на возила со нулта емисија на шттени гасови што треба да почне да се нуди од 2020 година.

Слично на хечбек и ван концептите што VW ги покажа претходните месеци, ова трето возило што е планирано I.D. нуди модел со батерија што би имало досег на движење слично како и оние возила со со внатрешно согорување, и ќе може да им аи автономно управување.

- Advertisement -

Овој I.D. кросовер е микс меѓу купе со четири врати и СУВ. Тоа е дел од сегментот што има нај брзорастечки резултати во продажбата, а го бираат поради пространоста, комфорот и големиот број на места за седење.
Моделот ќе биде конкуренција на Tesla Model X што американскиот производител почна да го испорачува во 2015 година. Возилото најверојатно ценовно ќе биде позиционирано под она на Tesla, а според VW, I.D. линијата ќе чини исто колку и дизелските модели. Засега нема име што ќе го користи овој кросовер.

Во јануари за време на саемот во Детроит, од компанијата најавија на дека продукциската верзија се очекува после 2020 година. Целта на компанијата е да продава по 1 милион електрични возила годишно до 2025 година.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја