Компанијата Vоlkswаgеn имa зa цeл дa прoдaдe нaд 100.000 електрични автомобили од моделот ID.4 само во текот на оваа година. Вториот целосно електричен автомобил од брендот треба да се продава најмногу во Европа со дел од над 65 проценти, а другите автомобили треба да стигнат до пазарите во Кина и Америка.
Клаус Целмер, кој е директор за продажби на Vоlkswаgеn изјави дека ID.4 треба да ги заинтригира луѓето уште повеќе и да ги привлече кон електричните автомобили. Шефот на Vоlkswаgеn се пофали дека досега се порачани над 17.000 примероци, а првите доставени автомобили треба да се кај клиентите уште во текот на следниот месец.
Новиот електричен модел на брендот има за цел да достигне над 500.000 годишни продажби до 2025 година. Се очекува тоа да е најпродаваниот модел од сите електрични на брендот порду СУВ природата на моделот.
Цените во Германија почнуваат од 38.450 евра за основниот модел со 52кВч батерија и километража од 350 километри.