Volkswagen официјално потврди дека на 19 ноември премиерно ќе го претстави најновиот концепт од ID семејството. Најавата ја направи со едноставна фотографија од ID Vizzion концептот без да прецизира други дополнителни технички спецификации.
Она што сигурно се знае е дека овој концепт се базира на MEB платформата која веќе се користи кај некои модели од Volkswagen Групацијата.
Промоцијата ќе се случи на изложбата “Градење електрична иднина” која ќе се одржи во музејот за автомобили Питерсен. За јавноста ќе биде отворена од 20 ноември.
Повеќе информации околу автономијата, мотористиката и другите технички карактеристики германскиот производител ќе ги открие на денот на премиерата.