Германскиот производител Volkswagen подготвува вистински бум во наредните шест години. Како што пренесуваат германските медиуми, VW до 2024 година ќе претстават не помалку од 17 целосно нови возила.
Производителот од Волфсбург најпрво ќе ги претстави R изведбите на T-Roc и Arteon кои со своите перформанси ќе грабаат на врвот на својот сегмент. На овие два модели до крајот на годината ќе им се приклучи и купе изведбата на Tiguan кој ќе се нуди независно од постоечкиот модел на Tiguan.
Наредната година се очекува VW да ја објави рестилизираната изведба на Passat и новиот Т-Cross. Овој вториот модел ќе биде најмалиот SUV во гамта на Volkswagen и ќе се базира во целост на Polo.
Секако тука се вбројува и осмата генерација на Golf кој ќе биде претставен и во целосно електрична верзија. До 2024 година Volkswagen ќе претстави уште четири електрицифицирани возила, GTI и R изведбата на Golf како и VW Т7.
Оваа бројка на нови автомобили значително ќе порасне ако се знае дека VW на кинескиот пазар ќе понуди неколку нови SUV возила.