VW Nivus – преку Јужна Америка до Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година, поточно во мај, во Бразил, Volkswagen го претстави субкомпактниот купе кросовер именуван како Nivus. Дизајнот е дело на Хосе Карлос Павоне, а Volkswagen иако го разви за пазарот во Јужна Америка, сепак сега потврди и дека ќе дојде во Европа.

Volkswagen Nivus е разработен на база на модуларната MQB платформа на VW Group. Должината изнесува 4.266 мм, висината 1.493 мм, ширината 1.750 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.566 мм.

Покрај 1,0 литарскиот бенизнски мотор, во Европа ќе биде достапен и 1,5 литарскиот бензински мотор. Засега не е познато дали во понудата ќе има дизелски мотор или пак хибридна верзија.

На “Стариот континент” овој модел ќе дојде во втората половина годинава. Овој модел се произведува во Сао Бернардо до Кампо, а за европскиот пазар ќе се произведува во Шпанија. Цената засега останува непозната.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK