Германски VW објави дека компанијата ги откупила или поправила повеќе од половината од 475.000 загадени 2.0 литарски дизелски мотори што се дел од спогодбата со американските власти. Тоа се случува само шест месеци откако почна акцијата, најголема во автомобилската историја.
Најголемиот производител на автомобили во светот, со писмо го известил судија на САД кој е одреден да го надгледува целиот процес, дека од средата, се откупени или е прекинат лизингот на речиси 238.000 возила и поправени се 6.200 возила. Ова е дел од договорот по признавањето на VW дека тајно имале инсталирано софтвер кои ја контролирале емисијата на штетни гасови, а истста била и до 40 пати повисока од дозволената, пишува Аутомотивњуз.
Според договорот VW мора да откупи или поправи најмалку 85 отсто од возилата опфатени во овој скандал, и тоа до 2019 година. VW се согласиле да потрошат 25 милијарди долари во САД за да се обештетат сопствениците, регулаторите, државата и дилерите и се согласиле да откупат околу 500.000 возила.
Само лани потрошиле 10,03 милијарди долари да ги откупат овие возила. Во февруари VW потврди дека потрошиле 2,9 милијарди долари за откуп. Дополнително треба да има одлука од страна на судот дали VW ќе добие дозвола а поправка на загадените 3.0 литарски мотори.