VW ќе пушти автономно комби Microbus во 2022

ОБЈАВЕНО НА:

Во рок од пет години Volkswagen може на пазарот да понуди автономно електрично комби доколку постои интерес за I.D. Buzz concept кој го носи ретро стилот од хипо времето. Исто така Microbus е преглед на можноста повеќе луѓе да го користат ист превоз слично како Убер.

Менаџментот на VW потврди дека доколку проектот добие зелено светло тогаш најрано за пет години истиот може да влезе во сериско производство.
Овој I.D. Buzz concept e трет концепт по ланските BUDD-e и I.D. хечбек. Името на новиот концепт всушност е игра на зборови, од „бус“ и „тишина“ алудирајќи на погонскиот електричен систем.

Концептот е наменет за максимум осум луѓе, и има максимален домет од 434 км. според САД стандардите, или 600 км. според Европските стандарди и тестирања.

Според луѓето од VW, особено важна е флексибилноста на MEB платформата, со својот чоколаден стил на рамна батерија сместена во подот, со што конечно им е дозволено дизајнери поголема слободата во дизајнот и враќање на оригиналниот Microbus со рамен нос.

Ќе му треба помалку од 30 минути за полнење на 111KWh батерија до 80 отсто од капацитетот, од вкупните 150 KW, и ќе може и дополнително да се полни без кабел преку индукција.
Електричниот мотор на секоја му овозможува на возилото да испорача повеќе од 200 КС.

Концептот може да се префрли на целосно автономно управување преку I.D.Pilot со лесно притискање на управувачот кој потоа се повлекува кон иснтрумент таблата. Возачот може седиштето да го помести кон задниот дел и да имаат поблизок контакт со другите патници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK