недела, 25 декември, 2025 година

VW ќе плати повеќе од една милијарда долари за откуп на возилата во САД

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германски Volkswagen се согласил да плати најмалку 1,26 милијарди долари за откуп на автомобили во САД и да им плати отштета на сопствениците на возила опфатени со аферата поврзана со емисијата на гасови.

Станува збор за автомобилите со 3.0 литарски мотори кои испуштаат повисоко ниво на штетни гасови од дозволеното. Доколку регулаторите не одобрат поправка на сите возила, сумата што може да ја плати компанијата може да скокне на повеќе од 4 милијарди долари.

- Advertisement -

Спогодбата со сопствениците треба да биде одобрена од суд во САД, сопствениците што ќе се решат за поправка ќе добијат отштета од 7.000 до 16.000 долари од Volkswagen, и компанијата ќе мора да плати уште 500 долари доколку поправките влијаат на перформансите на автомобилот.

VW во декември 2016 година се согласи да откупи 20.000 автомобили со трилитарски дизелски мотор, а се очекува да се поправат уште 60.000 возила. Сопствениците што ќе се решат за поправка ќе добијат отштета од 7.000 до 16.000 долари. Во случај на откуп на возилото, сопствениците ќе добијат уште по 7.500 долари на проценетата вредност на возилото.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја