Сегментот на кросовери и СУВ возила е толку популарен што секој производител сака и треба да има вакви модели во понудата доколку сака да биде конкурентен на пазарот. И не само некој или неколку, туку што повеќе – тоа подобро. Volkswagen во следниот период ќе го зголеми семејството на вакви воизла, а на листата се вклучува и најмалиот, T-Track што треба да се базира на новата генерација на Up!
Германските медиуми пишуваат дека T-Track може да се очекува во текот на 2020 година, и цената би му била околу 15.000 евра. Моделот би се нудел само со погон на предните тркала, пет врати и трицилиндрични мотори. Потоа, нормално би следела и електрична верзија.
Ова треба да биде трет ваков модел, бидејќи VW ги планира T-Roc (на база на Golf), Т-Cross (на база на Polo) i сега T-Track (на база на up!)
Во однос на сегашниот Cross-up! моделот T-track ќе има зголемен клиренс и поголеми тркала, додека повеќе детали допрва треба да бидат познати.