Шефот на VW, Херберт Дис ги демантираше најавите дека компанијата планира нови модели што ќе ја имаат ознаката GTi, вклучувајќи и СУВ возила. Дис изјави дека VW ќе го ограничи тоа само на Golf, Polo и на Up моделите.
„Мислам дека со овие три GTi модели ние сме задоволни. За нас GTi е “жежок хечбек“, спортско возило, за секојдневна употреба и достапана за многумина. Тоа и треба да биде“, изјавил Дис.
Што се однесува за новиот ID електричен автомобил, Дис вели дека ваква спортска верзија на новиот електричен хечбек не е во нивните планови. Но, може VW ќе ја прошири понудата на спортските GTE хибриди.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]