VW Group со 70 електрични модели за 10 години

ОБЈАВЕНО НА:

Концернот Volkswagen Group и брендовите кои се дел од него во следната деценија ќе произведат 70 целосно електрични модели. Очекувањата се продажбите на електро мобилите во тој период да се во рамки на 22 милиони примероци.

Претходно компанијата планираше 50 електро мобилите во тираж од 15 милиони бројки. Раководството на VW Group е убедено дека транзицијата кон електричните модели може да помогне во намалувањето на емисиите на CO2 со 30% до 2025 година и со 40% до 2030 година во споредба со бројките од 2015 година.

Прв во „зелената“ понуда е Audi e-tron, кој уште овој месец ќе се појави на пазарот. Презентацијата на Porsche Taycan е планирана за септември. После него доаѓаат хечбекот Volkswagen I.D. и електричниот кросовер I.D. Crozz, следени од модели под логото на Skoda и SEAT.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK