VW Group со 27 електрични возила на платформата MEB (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Group ги обелодени плановите во однос на модулната платформа за непремиум модели наречена MEB – германска верзија на англиското “Modular Electric Toolkit/модулен електрично-инструментален комплт.”

Автомобилскиот производител објави дели 27 нови електрични модели поделени низ брендовите Volkswagen, Skoda, Seat и Audi, кои ќе бидат на пазарот до крајот на 2022 година, покривајќи спектар од компактни модели до наследникот на прочуениот Microbus.

Со ова ќе се направи дополнување на премиум електромоделите на VW Group, развиени на платофромите како C-BEV, која дебитираше со моделот Audi e-tron, J1 вложена во основата на Porsche Taycan и новата платформа PPE, која во моментов се развува специјално за Audi и Porsche, а првите омдели се очекуваат кон крајот на 2021 година.

Со сите овие платформи плус предвидената за електрични спортски автомобили, платформата SPE од VW Group имаат за цел да располагаат на пазарот со околу 80 електрични модели во сите брендови кон 2025 година. Досега за развојот на идните електромодели се вложени над 7 милијарди евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK