Ќе остане ли Германија без својата гордост – VW Golf? Почнувајќи од овој септември, автомобилите во Европската Унија ќе мора да ги почитуваат новите WLTP стандарди, но кај најголемиот германски производител само 7 од 14те модели имаат добиено ваков сертификат.
Меѓу моделтие кои се уште немаат добиено ваков сертификат односно не ги исполнуваат барањата на WLTP е и најпродаваниот модел на VW во моментов, Golf. Првиот човек за продажба и маркетинг, Томас Зан, изјави дека до крајот на септември сите модели на овој германски прозиводител ќе ги добијат потребните сертификати.
“Новите тестови се потешки и е потребно повеќе време отколку во минатото. Дури и моделите со ограничена продажба треба да се тестираат одделно. Следните месеци ќе бидат предизвик за нас” изјави Зан за новинарите минатата недела.
Во меѓувреме VW ќе ја намали испораката на нови возила, но се очекува драстично да ја зголеми кон крајот на годината. Овие “егзибиции” ќе имаат негативно влијание врз проектираниот профит на VW па така се очекува истиот да се намали за околу 2% овој квартал.