VW го демантира Маркионе: „Имаме други проблеми“

ОБЈАВЕНО НА:

Само еден ден откако Серџо Маркионе од Fiat Chrysler објави дека очекува во иднина да има понуда од Volkswagen за превземање на компанијата, Германците брзо одговорија.

Главниот извршен директор на VW, Матијас Милер потврди дека такво нешто нема на видик.

„Не сме подготвени за разговор за било што. Не сум го видел Маркионе со месеци. Имаме други проблеми, изјавил Милер.

Но, Маркионе не тврдеше дека имало разговори туку дека во иднина можно е да се случат тие бидејќи Fiat Chrysler може да биде интересен за VW. Веројатно, каде што им адим има, или ќе има оган. Останува да видиме колку време ќе помине пред да почне реализацијата на ваквата најава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK