VW е во потрага по паркинзи во Германија, ќе ги складира сите…

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen е во интензивна потрага по паркинг простори ширум Германија и активно работи на закуп на истите. Како што пренесуваат германските медиуми германскиот производител истите ќе ги искористи за привремено складирање на возилата кои не ги исполнуваат новите регулативи за емисиони гасови и оние кои треба да се испорачаат кон крајните купувачи.

Во пресрет на влегувањето на сила на новите регулативи за издувни гасови воведени од WLTP (Worldwide Harmonized Light Vehicle Test Procedure) кој стапуваат на сила на 1 септември, а широко прифатени се од Европската Унија, се појави неопходна потреба европските производители, вклучително и Volkswagen, да активно се спремаат за складирање на сите оние возила кои не ги исполнуваат овие стандарди. Всушност, овие нови стандарди се далеку построги во однос на постоечките.

Инаку новите WLTP процедури за утврдување на емисијата на штетни гасови ја напушта моменталната практика на лабораториски тестови и оди чекор понапред со што сега издувните гасови ќе се утврдуваат во реално време при реално возење.

Нема веќе мамење: WLTP системот ќе го покажува вистинското загадување и потрошувачка (ВИДЕО)

Volkswagen веќе изнајми неколку паркиралишта во Германија, а според пишувањата автомобилите на овој производител најверојатно ќе се паркираат и на нефункционалната писта на аеродромот во Бранденбург, близу Берлин.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK