VW Crafter е “Интернационален VAN на годината”

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Crafter, од последната генерација, е прогласен за „Ван на Годината за 2017“. Новиот модел на брендот Volkswagen – Комерцијални возила беше создаден во согласност со желби и потребите на клиентите и изработен од страна на експертите. Новиот Crafter e економичен, функционален и погоден за секојдневна употреба, а со новиот дизајн тој е привлечен во секој поглед.

Целосно новиот модел Volkswagen Crafter, ја освои престижната награда уште пред да биде лансиран на пазарот. Моделот е дизајниран комплетно да ги задоволи желбите на клиентите преку бројните иновации, како и преку широкиот спектар на системи за помош на возачот. Д-р Екхард Шолц, претседател на одборот на брендот Volkswagen Комерцијални возила, официјално ја прими наградата на саемот за Комерцијални возила во Хановер и изјави:

“По Transporter Т6, кој ја освои оваа награда минатата година, среќни сме што оваа година специјалната награда му припадна на новиот Volkswagen Crafter. Ние сме многу горди на нашиот најнов производ и на целиот тим кој напорно работеше за да го произведе новиот Crafter – најдоброто големо транспортно возило за 2017 година. Оваа престижна награда ќе биде ветар во грб при лансирањето на нашиот најнов модел.”

Соопштение на Порше Македонија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK