VW Beetle заминува во историјата!

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили Volkswagen нема да направи нова генерација на легендарниот Буба. Тоа го изјави Френк Волш, претставник на брендот и одговорен за технички развој, во интервју за Autocar.

Според неговите зборови, сегашната Буба ќе биде последна. Волш рече дека запирањето на производството главно се должи на ниската побарувачка за моделот. Претходно, сепак, се појавија информации дека Beetle ќе се прероди како електричен модел.

На ова Волш изјави дека тоа е можно, но такво решение сѐ уште не е донесено и, според него, нема да биде прифатено. Ќе се потсетиме дека сегашната верзија на Буба е модерно читање на легендарната Буба.

Првата генерација, произведена помеѓу 1938 и 2003 година е најпознатиот автомобил на Volkswagen за целата историја на брендот. Неговите следните генерации беа претставени во 1998 и 2011 година.

Во перидот од 1938 до 2003 година биле произведени 21.529.464 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK