Време за патувања и одмори – Не го заборавајте спасителот на плажите – Јекодерм од Галеника

ОБЈАВЕНО НА:

Летото е време кога сите мислиме на одмор, сончање, плажа.. Автомобилот е подготвен, ставено е се што треба во багажникот и размислуваме за секоја ситница. А малите работи некогаш можат многу да помогнат. Сонцето е силно, и ако заборавите навреме на се тргнете, можете да добиете некоја изгореница на кожата. Но, и за тоа има лек.

Јекодерм е првата помош по која посегнуваме кога ќе се појават изгореници на кожата. Делуваме брзо уверени во нејзината моќ за смирување на црвенилото предизвикано од долгото сончање. Го забрзува обновувањето и заздравувањето на кожата што е вцрвенета и изгорена поради долготрајната изложеност на УВ зраците. Причина повеќе и самиот мирис на Јекодерм да потсетува на море и сонце, на водени лудории и црвени, но среќни образи. Слики и спомени, пред се од детството, кога мајките не тргнуваа на одмор без овој еликсир за здрава кожа спакуван во таа мала туба со мирис на кокос.

На пазарот понудата е богата со мноштво слични производи кои се користат во истата ситуација, но зошто првиот избор е производот со рибината маст на Галеника?

„Јecoris oleum“ на латински значи рибино масло и е состојката по која и Јекодерм го добил своето име. Од тука доаѓа и неговата моќ.

Рибиното масло е богато со витамин А кој е неопходен за правилно формирање на епидермот. Маста го убрзува и олеснува процесот на регенерација на иритирана и оштетена кожа, ги обезбедува неопходните хранливи состојки за сува и перутава кожа правејќи ја кожата да изгледа мазно, сјајно и поеластично. Се користи за третман на кожа оштетена од различни надворешни влијанија – топлотни, хемиски, механички и УВ зрачење, а не е тајна дека жените ја користат и спречување на брчките и нега на зрелата кожа, како и за лекување на акни. Маста е одлично решение за сува испукана кожа и за кожа која е иритирана или има чешање предизвикано од прекумерно триење и потење.  И се разбира првата итна помош во случај на црвенило на кожата предизвикана од прекумерно сончање.

Децениската доверба што сме ја изградиле кон овој производ, се должи и на посветеноста на тимот кој стои зад него. Фармацевтската компанија инвестираше во сите деловни сегменти, посветувајќи значајно внимание и на македонскиот пазар, каде Галеника ја препознаваме како сигурен партнер со висок квалитет и фармацевтски бренд со традиција на македонскиот пазар. Повеќето од нас Јекодерм ја имаме во нашата патна торба или во домашната мини аптека. И тоа нема да се смени ни во следните 77 години.

Рибиното масло често се користи во козметичката индустрија за нега на кожата поради комплексниот состав. Покрај витаминот А, рибиното масло е богат извор и на витамин Д, како и разни есенцијални масни киселини. Најважни меѓу овие киселини се омега-3 масните киселини, незаситени киселини кои се многу важни за нормалното функционирање на нашето тело.

Омега-3 масните киселини имаат значајни антиинфламаторни својства. Односно, EPA и DHA киселините, кои во голема мера се наоѓаат во рибиното масло, помагаат за намалување на производството на себум во проблематичната кожа, а оваа комбинација подеднакво добро се бори и со штетното УВ зрачење. Ја намалуваат фотосензитивноста на кожата, односно прекумерната реакција на кожата на сончевото зрачење. Впрочем, сончевото зрачење е една од најчестите причини за предвремено стареење на кожата, појава на флеки на лицето, брчки и изгореници.

Јекодерм содржи и вазелин, што е исто така важна состојка за здрав изглед на кожата, а се користи како база за многу масти и креми за нега на кожа. Вазелинот е богат со минерални масла и создава заштитна бариера која ја одржува свежината на кожата.

Иако звучи богато и комплексно, Јекодерм е едноставна маст која лесно се користи. Како број еден спасител за поцрвенета и иритирана кожа може да се најде во секоја аптека, а се нанесува 3-4 пати на ден на местото кое е воспалено или иритирано.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK